Вметнување SIM-картичка и батерија
Овој телефон е наменет за употреба со батеријата BL-5C.
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
1 Притиснете го копчето за ослободување (1) за да го ослободите задниот капак
и подигнете го (2). За да го отстраните задниот капак, лизгајте го нагоре (3).
2 Подигнете ја батеријата и извадете ја (4).
3 Вметнете ја SIM-картичката (5). Погрижете се златно обоената контактна
површина да е свртена надолу и закосениот агол на SIM-картичката да е свртен
кон долниот дел на уредот.
4 Вратете ја батеријата и задниот капак (6, 7, 8).